ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче ја злоупотребуваат вакцинацијата за референдумот

Од:

„СДСМ крајно неморално го злоупотреби процесот на вакцинација во контекст на референдумот. Крајно неетички се упатуваат закани и уцени кон граѓаните дека само доколку го поддржеле референдумот за бришење на македонскиот идентитет ќе добиеле поквалитетни вакцини. Ваквите постапки на Филипче, Заев и СДСМ се срамни и ја уриваат довербата во здравствениот систем.

Здравството е во клиничка смрт. СДСМ и Филипче му ги гасат последните шанси за живот.

Венко Филипче обидувајќи се да го оправда капитулантскиот договор за промена на името фрли сомнеж дека вакцините во Република Македонија не се по стандарди и се со послаб квалитет од тие во ЕУ.

Илјадници родители се изреволтирани и чекаат одговори, дали вакцините во Република Македонија се со послаб квалитет од вакцините во ЕУ, како што алудираше Филипче.

Со СДСМ на власт понижени се и здравствените работници. Заев ветуваше 15% покачување на платите на лекарите во првите шест месеци откако ќе ја преземе власт, за сега 13 месеци потоа да најавува дека покачувањето ќе биде само 5%. Ова е понижување за целата фела. Заев го потценува нивниот труд и придонес кој го даваат во општеството.

Неодговорноста на власта дополнително резултира и со голем број на човечки загуби. Секојдневно луѓе ги губат своите животи поради немарност на власта.

Филипче и СДСМ наместо да понесат одговорност за починатото дете се правдаат и бегаат.

Филипче и СДСМ ги интересираат само милионските тендери, тоа и го гледаме најубаво по преполните клиники со смет, каде нема кој да исчисти, па се создаваат цели депонии, само затоа што министерот е зафатен во делење тендери.

Овој хаос мора да запре. СДСМ не знае како да го управува здравството. СДСМ мора да си замине“, се вели соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници