А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е свесен за кривичната одговорност која што треба да ја сноси, затоа бара реизбор на судии

by А1он12/05/2017 - 09:0699
Share0

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение ги обвинува СДСМ и Зоран Заев за поврзаност со криминални структури од Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Зоран Заев и СДС се во спрега со криминално-мафијашките структури од Македонија и регионот. Медиумите во неколку наврати излегоа со фотографии помеѓу Зоран Заев и други високи функционери на СДС со наркодилери и други криминалци.

Шпетин Положани, претседател на здружението на албански политички затвореници во Македонија, во интервју за Шења кажа “Имам евидентирано неколку случаи каде на албански семејства, СДСМ им има ветено дека ако гласаат за нив ќе ги ослободи од различни кривични пријави, дека ќе им дадат некакви си привилегии, ако дојдат на власт“.

Положани објаснува дека СДС извршил огромна манипулација кај нашите сограѓани од албанско етничко потекло.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Еден родител оди од куќа на куќа да моли за гласови, демек така ќе излезе неговиот син од затвор, кој е осуден на 12 години, затоа што во неговото возило му нашле 15 килограми кокаин.“

Заев се расфрлал со нелегални ветувања и без милост или ги манипулирал или се впушта себе си во огромен криминал само за да дојде на власт.

Заев докажа дека освен криминал во животот ништо друго и не знае да работи. Сите го видовме како бара евро за Вицето, како краде 8 милиони евра во случајот „Глобал“ и како врши пуч на легално избран Премиер, а сега гледаме како вршел изборен криминал. Се расфрлал со нелегални ветувања и ортачел со мафијашки структури од Македонија и регионот.

Заев е свесен за кривичната одговорност која треба да ја сноси и токму затоа ги заплашува судиите и се рафрла со закани за реизбор на судии, мислејќи дека ќе избегне одговорност.

Заев треба да знае дека овие кривични дела се дела кои не застаруваат бргу и одговорност за нив ќе има!

Заев и кликата околу него ќе одговараат за своите кривични дела и од тоа нема да ги спаси никој“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 19:2111/09/2026 - 19:24

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски11/09/2026 - 08:4211/09/2026 - 09:16

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски09/09/2026 - 08:3509/09/2026 - 09:15

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

Горан Наумовски08/09/2026 - 09:04

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:2906/09/2026 - 11:30

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

Горан Наумовски06/09/2026 - 09:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео