ВМРО-ДПМНЕ: Заев е следбеник на Црвенковски

Од:

„Се ближи крајот на мандатот на Заев, а голем дел од проектите од изборната програма што тој им ги вети на граѓаните не успеа да ги исполни“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев, рече Лидија Андонова, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, на дело докажува дека е верен следбеник на таа политика и на неговиот ментор Бранко Црвенковски.

Го потсетија Заев за нереализираниот проект “Индустриска зона Куклиш – Свидовица“ кој го ветил и најавуваше како еден од најголемите проекти во неговата изборна програма во 2009 година.

„Наместо да ги засукате ракавите и се фатите за работа, вие 10 месеци пред избори започнавте жестока предизборна кампања со која секојдневно ги малтретирате граѓаните на општина Струмица.За да ги прикриете катастрофалните резултати и неисполнетите ветувања, безобразно и со ефтин популизам се обидувате да ја замајувате јавноста и да манипулирате со граѓаните.Вашата желба за трет мандат има единствена цел а таа е зачувување на бизнис интересите на кланот Заеви и фирмите блиски до СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ