ВМРО-ДПМНЕ: Заев е на колена, а оваа Влада веќе нема кредибилитет бидејќи тоне во корупција

Од:

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен. Системот во Република Македонија е нападнат од силна криминална ерозија до тој степен што не функционира. Во државата имаме згазени закони, згазено обвинителство кое што наместо да гони, го штити и прикрива криминалот, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Имаме безброј конкретни примери каде владата и премиерот се ставени во функција да заштитуваат криминал.

Сомнежите дека Заев го штити овој криминал, се:

– Катица Јанева не е во притвор, а истата може да избега, може да влијае на сведоците и може како прв човек на СЈО да го повтори делото. Сведоци сме дека истото ова обвинителство барало притвор и за несразмерно помали случаи кои ги воделе. Се разбира Катица Јанева е само продолжена рака на главниот во овој октопод.

– Зоран Заев е свесен дека „Меѓународниот сојуз“ на еден од обвинетите важи на извесен начин за чедо на СДСМ. Во тие структури се луѓе од оваа партија, а сомневањата се дека тоа е параванот и за многу други случаи на криминал, уцени, изнуда и рекет.

– Заев во моментите кога ќе го притисне оваа афера со евидентни докази, е во состојба да се откаже од сите, само да се спаси себе си.

– Сега е јасно зошто Заев инсистира на катастрофалниот предлог за реформите за обвинителство. Тој сака ова компромитирано СЈО да го
преслика во новиот обвинителен сектор. Да добиеме ново СЈО но со зголемени овластувања за зголемени злоупотреби.

Народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе победат убедливо, зошто таква победа е неопходна, за да Македонија ја обновиме од овој криминален ураган на власта.

Одговорност, мора да има. Заев е на колена, а оваа влада веќе нема кредибилитет бидејќи тоне во корупција. Неговиот пад и заминувањето на оваа влада не е избор на Заев, туку одлука на народот. Октоподот е во слободен пад, доаѓа обнова на Македонија.“ се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски