ВМРО-ДПМНЕ: Заев е исплашен затоа што знае дека ја има изгубено поддршката од граѓаните

Од:

„Граѓаните во огромно мнозинство застануваат зад ВМРО-ДПМНЕ и политиките за обнова на Македонија. Со 6% предност ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ и деструктивните политики на власта.

Криминалот, корупцијата и рекетот кои во изинативе три години го тиштат македонскиот граѓанин, заедно со националното предавство, се причините поради кои граѓаните бараат промени“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалните политики на власта значат 28% реализирани капитални инвестиции за цели 8 месеци, запирање на градбата на клиничките центри во Скопје и Штип, нула километри нов автопат, универзитети со изгубена репутација, разочарани земјоделци. Затоа Заев бега од избори и се моли тие да не бидат на пролет.

Зоран Заев е исплашен затоа што знае дека одамна ја има изгубено поддршката од граѓаните.

СДСМ направи огромна штета за државата. Со СДСМ Македонија може да продолжи само да тоне. На Македонија и треба нов почеток. На Македонија и треба обнова.

На претстојните парламентарни избори СДСМ ќе го добие одговорот на граѓаните кои во се поголеми бројки застануваат зад ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ