ВМРО-ДПМНЕ: Заев е главата на октоподот кој уценувал и земал пари од бизнисмени во Македонија

Од:

„Зоран Заев е срам за Македонија. Зоран Заев е штетник и крадец, а не македонскиот народ кој си ја знае, почитува и негува историјата.

Да се обвини сопствениот народ дека присвојувал туѓа историја, а со пот и крв се изборил за своја држава и идентитет и покрај сите угнетувања, е одвратен чин на човек одроден од своите сограѓани и предци.

Со секој изминат ден Зоран Заев нанесува се поголема штета на сопствениот народ и сопствената држава. Откако стана премиер, Заев во континуитет го гази достоинството и го навредува македонскиот народ“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Само за да се додвори на неговите нови пријатели во Грција, Заев бесрамно ги нарече крадци Република Македонија и македонската нација.

Очигледно Заев се води само од лични цели, па затоа веќе две години ги нарушува македонските црвени линии и го продава она што генерации го граделе и го создавале.

Секогаш кога македонските граѓани ќе помислат дека Заев не може подолу тој упорно го пробива дното. Откако го промени името на Република Македонија, ги продаде јазикот идентитетот, културата, традицијата и историјата, тој ги обвини граѓаните дека со години наназад им ја крадат историјата на соседите.

Заев кој е опкружен во криминал мисли дека сите се крадци како него па си зема слобода да ги навредува граѓаните и државата.

Македонските граѓани се чесни луѓе и не се крадци како што ги нарекува Зоран Заев. Единствениот кој краде е токму Заев, кој заедно со неговиот криминален картел направија пустош во државата.

Можеби историјата на Заев не му е најсилна страна но затоа криминалот му е нешто што перфектно го владее. На Заев му е местото заедно со Боки, Кики, Фрики, Рашковски и Дудуш.

Целата јавност го виде како бара поткуп, а сега сме сведоци и на најголемата афера „Рекет“ каде Заев е главата на октоподот кој уценувал и земал пари од бизнисмени во Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски