ВМРО-ДПМНЕ: Заев е единствениот премиер кој се што вети излажа

Од:

„Зоран Заев е најголемиот измамник. Македонија до сега се соочила со човек кој неспособноста и алчноста ги покривал преку трговија со највисоките национални и државни интереси.

Зоран Заев е единствениот премиер кој се што вети излажа. Заев излажа дека ќе изгради 550 километри нови магистрални патишта и 1100 километри локални патишта. Нови патишта нема.

Заев излажа дека младите по завршувањето на своето образование ќе може да бираат дали сакаат да се вработат, доедуцираат или да поминат низ обука за преквалификација. Младинската гаранција како што ја нарече е најголемата лага за младите“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев излажа дека земјоделците ќе имаат зелена нафта. Зелена нафта нема. Има само ваучери од 500 денари кои им беа поделени само на 50.000 земјоделци, пари со кои не може да се стави нафта во машините да отидат од нива до бензинска.

Заев излажа дека ќе има загарантиран откуп и високи откупни цени за земјоделските производи. Загарантиран откуп нема, а цените се ниски.

Заев излажа дека ќе ги покачи пензиите. Три години Заев ги нема покачено пензиите.

Заев излажа 2016 година. Заев лаже и сега. Заев се надева дека граѓаните ќе наседнат на неговите лаги.

Заврши времето кога граѓаните веруваа на лагите на Заев. На 12 април и самиот Заев ќе увиди дека лагите не му поминуваат, а за последиците од лажењето ќе има време да размислува во опозиција. Бидејќи од 12 април почнува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му