ВМРО-ДПМНЕ: Заев е единствениот политичар, кој врши државна функција, а истовремено е обвинет за земање мито

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавите на премиерот Зоран Заев.

„Зоран Заев е единствениот политичар во Европа, кој врши државна функција, а во исто време е обвинет за земање мито. Целата македонска јавност го виде видео записот, од кој се слуша како Заев бара поткуп во висина од 200.000 евра.

Граѓаните видоа и слушнаа како Заев барал поткуп од 1 евро по метар квадратен за легализација на градежно земјиште, по едно за Вицето, партија и црквата. Граѓаните го слушнаа Заев кој вели дека начинот преку поткуп да се легализира градежно земјиште е редовен начин на работа.

Заев го деградираше правото и ја урниса правната држава. Заев од судот направи фарса и средство за потсмев. Додека рочиштата за политичките неистомисленици на Заев се закажуваат во континуитет, Заев прави пародија од судството.

Заев е синоним за корупција и криминал. По преземањето на функцијата премиер, Заев својот коруптивен начин на работење го имплементира и на државно ниво.

Јавноста е сведок на милионски сомнителни договори во четири очи, помеѓу власта и фирми блиски до неа. Како преку ноќ, фирма која на редовна постапка нудела една цена, наеднаш во договор во четири очи договара дупло повисока цена.

Граѓаните слушнаа како со нивни пари се распишуваат 320 милионски тендери со ограничувачки критериуми само за една фирма, блиска до врвот на власта.

Институциите молчат и не постапуваат. Правосудството е во грч. Ова безаконие мора да запре. За секое незаконско дејствие мора да има одговорност, без разлика за кого се работи. Граѓаните очекуваат правдата да важи за сите. Ова незаконие мора да запре“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски