ВМРО-ДПМНЕ: Заев до кога ќе се криеш, дали Седат Пекер имал состаноци во влада и со кого

Од:

„Зошто владата на Заев пет дена молчи и не кажува дали Седат Пекер бил на средби во зградата на владата? Што крие Заев и зошто не одговори?

Дали зад криењето на Заев се кријат разговори за евентуални бизниси со Седат Пекер и дали во таквите бизниси се спомнува Вице Заев“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Веќе видовме дека Седат Пекер се среќавал со градоначалници и функционери од СДСМ и коалицијата, одел во општините и институциите, и бил приман како голем бизнисмен.

Згора на тоа Пекер бил придружуван од полициско обезбедување и полициски возила, како да се работи за државник од највисок ранг, а не за криминалец баран со потерница.

Полициска придружба не може да му даде некој шалтерски работник или командира на станица, тоа можат да го направат само Заев и Спасовски, а тие мора да кажат кој и како ги уверил дека Седат Пекер треба да добие обезбедување или самите со него се сретнале?

Многу прашања, малку одговори. Заев до кога ќе се криеш“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ