А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да распише избори за да види што мислат граѓаните за неговото владеење

by А1он10/02/2019 - 08:5797
Share0

„Доколку Заев навистина сака да го слушне гласот на мародот, нека не бега од граѓаните и нека распише избори за да види што мислат тие за неговото двогодишно владеење.

Добивај вести на вибер

Македонската јавност веќе неколку недели е во исчекување СДСМ да го каже својот став во однос на предвремени парламентарни избори. Јавноста веќе подолг период очекува Зоран Заев да се охрабри и да донесе конечно одлука дали е спремен да оди на избори и да се соочи со гневот на граѓаните, гнев насобран за овие две и половина години владеење на СДСМ.

За две ипол години одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев на македонската држава и сервираше порази на секое поле, го понижи и деградираше македонскиот народ. Власта се откажа од се што е македонско, од македонскиот јазик, култура, идентитет, име, историја, но и иднина.

Преку секојдневното задолжување, ја доведе државата пред банкот, а ги задолжи граѓаните за милиони евра кои треба тие и нивните идни поколенија да ги враќаат. Стандардот на граѓаните е во слободен пад, граѓаните се доведени на работ на егзистенција, повеќе од 400 илјади граѓани живеат со еден оброк на ден. Им го ускратија покачувањето на пензиите на пезнионерите, пазарџиите ги оставија без нивното парче леб, а над 80 проценти од младите без размислување би ја напуштиле Македонија, ги зголеми давачките кон државата за сите.

СДСМ го подели општеството како никогаш досега, по етничка, партиска и каква си уште не линија. Со Законот за двојазичност, се обиде непринципиелно да купи гласови, но не им успеа. Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците буквално сите сега го бараат ветениот живот, ветената просечна плата од 500 евра, враќање на младите.

Но од ветувањата на СДСМ нема ни трага ни глас. Токму поради ова нема ни трага ни глас од Заев, го нема никаде да го каже својот став во однос на предвремените избори, се плаши да се соочи со гневот на граѓаните, на македонскиот народ, со последиците од црнилата кои ги остави во Македонија!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 12:4317/03/2026 - 17:22

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен