ВМРО-ДПМНЕ: Заев да не се крие и да каже дали ја прифатил бугарската декларација и поништување на македонскиот јазик, култура и идентитет?

Од:

„Заев да каже дали прифатил дека македонскиот јазик, кој е уставен јазик во Република Македонија, е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите наречја со неговата кодификација во 1944 година? Ова стои во декларацијата на бугарскиот парламент, која се заговара за рамка при преговорите на Македонија со ЕУ.

Бугарската декларација предвидува системско отстранување на квалификативот „бугарски фашистички окупатор“ од сите текстови, споменици и плочи“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Заев ја прифатил бугарската декларација која значи поништување на македонскиот идентитет, култура и идентитет?

Дали Заев со прифаќањето на декларацијата на бугарскиот парламент прифатил и дека Гоце Делчев е Бугарин, но и неговите современици од тој период на македонската историја?

Заев да излезе и да каже дали го прифаќа клучното барање во таа декларација според која во документите на ЕУ да не фигурира „македонскиот јазик“, односно ако веќе мора, да се користи терминот „официјален јазик на Република Северна Македонија“. Доколку, како што се наведува, „постои апсолутна неопходност да се користи терминот ’македонски јазик’ во документи и ставови на ЕУ, со ѕвездичка во фусноста да се појаснува дека е тоа „согласно Уставот на Република Северна Македонија“.

Заев да не бега од одговори. Народ мора да знае што преговара Заев во негово име. 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик