ВМРО-ДПМНЕ: Заев да не бега и да прифати дебата со Мицкоски

Од:

„Зоран Заев да не бега и да прифати дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за тоа што преговара со Бугарија, далеку од очите на јавноста.

Заев пред само неколку месеци за бугарски медиуми кажуваше дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека зборуваат ист јазик“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев сам ги урна македонските позиции, прифаќајќи ги тезите на најголемите бугарски екстремисти, кои никој политичар во Бугарија не мислел дека постои човек од Македонија кој може тоа да го прифати.

Зоран Заев излезе и кажа дека Бугарија во Втората светска војна не била окупатор, туку администратор. Заев излегува свесно во јавноста со овие негаторски тези за Македонија.

Зоран Заев е седмица на лото за сите кои се против Македонија.

Македонија не смее повеќе да губи. Заев да запре со сите отстапки и понижувања.

Зоран Заев да излезе јавно во дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и да каже што како и со кого договара во врска со нашата историја и јазик со Бугарија“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му