ВМРО-ДПМНЕ: Заев четири дена молчи дали Седат Пекер бил во владата, со кого се сретнал и за што е разговарано

Од:

„Зоран Заев четири дена молчи дали Седат Пекер бил во владата, со кого се сретнал и за што е разговарано?!

Сите видовме како функционери и коалициони партнери на СДСМ се среќавале со Седат Пекер, го примале во општини и институции, како да се работи за сериозен бизнисмен, а не човек со потерница, на чиј грб се ставаат како товар голем број на криминали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев не одговора дали покрај средбите со неговите луѓе, партиски соработници и коалициски партнери, Пекер имал средби и во владата, за што е разговарано, дали можеби е зборено за бизниси и дали тие бизниси се поврзани со Вице Заев?!

Јавноста заслужува да знае!

Дополнително Заев мора да одговори, дали во целиот период додека Пекер бил во Македонија, тој не добил известување од АНБ за опасноста на истиот, а со тоа и дека тој и неговите луѓе не треба да комуницираат со него? Доколку не што правела АНБ? Доколку да, зошто не ги послушал?

Дополнително зошто и кој дал наредба Пекер да добие полициско обезбедување и коли со флешери, како да се работи за странски државник од највисок чин, а не за криминалец?!

Заев може да молчи, но одговори на овие, и на многу други прашања мора да даде, дали сега, или за некое време сеедно, но одговори, а и одговорност ќе има“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ