ВМРО-ДПМНЕ: За вакцини „ќе има наскоро“, а ги нема, Филипче и Заев треба да одговараат

Од:

„И додека Венко Филипче и Зоран Заев велат дека ако е вратен авансот за кинеските вакцини, бројката на заразени се зголемува. Филипче и Заев уште велат ако е вратен авансот, сепак вакцините ќе стигнат наскоро.

Дека наскоро ќе стигнат вакцините граѓаните слушаат секој ден. Но, што значи тоа наскоро? Ништо! Во ситуацијата во Македонија едно е јасно, вакцини нема“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Ама затоа ако споредиме со Србија истата има до сега два милиони вакцини, или 1,5 милиони кинески, 200 илјади руски, 150 илјади од Фајзер, 150 илјади од Астра Зенека.

Или ако Србија има седум милиони жители, а има 2 милиони вакцини, двомилионска Македонија по таа логика до сега ќе требаше да има набавено околу 600 илјади вакцини. Се разбира ако Филипче и Заев беа способни.

Филипче и Заев не само што покажаа, туку и докажаа дека не се способни, дека не се заинтересирани.

Филипче и Заев тераа одмор минатата година во август додека сите преговараа и договараа вакцини за годинава.

За вакцини „ќе има наскоро“, а ги нема, иако сите земји вакцинираат од декември минатата година, одговорност мора да има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик