ВМРО-ДПМНЕ: За што разговарале Пекер и Заев, дали е разговарано за бизнисот со марихуана или некој друг бизнис

Од:

„Седат Пекер преку видео обраќање кажа дека бил во домот на премиер, Зоран Заев. Попусти се обидите на Владата да го перат Заев, сите видовме како на Пекер му беше доделено полициско обезбедување и придружба со неколку возила од МВР.

Таква асистенција од полицијата сигурно не добил од службениците кои прифатија вина за да не се дојде до главата на мафијата во Македонија.

Сите видовме како Пекер се шетал низ Македонија и се среќавал со коалициони партнери на Заев и државни функционери“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Пекер од страна на власта бил третиран како највисок странски државник. Таквиот статус сигурно не му го обезбедиле градоначалникот на Маврово Ростуше или некој друг функционер во власта од тој тип.

Седат Пекер и Зоран Заев имаат една заедничка работа и двајцата се поврзуваат со наркотици.

Седат Пекер е нарко бос кој се занимава со трговија на наркотици. А братучедите на Зоран Заев поседуваат фабрики со марихуана.

Дали Зоран Заев и Седт Пекер разговарале за бизнисот со марихуана, или можеби за некој друг бизнис или негов влез во некој биизнис во Македонија?

Заев да не крие зад владини соопштенија и изјави и да каже што и како разговарал со Пекер“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ