А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За седница за пратенички прашања ќе се договара в понеделник

by А1он03/06/2016 - 15:21120
Share0

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ни најмалку не е изненадена од последниот обид на Горан Сугарески за манипулација со цел да ја изврти вистината, имено, тврдат дека претседателот на Собранието Трајко Вељановски, пред неколку дена ги известил сите дека заседница за пратенички прашања ќе се разговара в понеделник.

Добивај вести на вибер

„Иако Сугарески како и останатите координатори на пратеничките групи во Собранието пред неколку дена беа информирани од страна на Претседателот на Собранието Трајко Вељановски, дека прашањето за одржување на седница за пратенички прашања ќе биде отворено во понеделник на редовна координација, Сугарески на денешната прес-конференција глумеше и се обиде да ја претстави СДСМ како партија која што се залага и бара итно одржување на седница за поставување на пратенички прашања. Многу провиден и низок чин од негова страна“, соопштија од пратеничката група на владејачката партија.

Од таму потсетуваат и дека пратениците од СДСМ во периодот од година и поливина не доаѓаа на работа, а земаа плата од џебот на граѓаните и со самото тоа пропуштија вкупно 10 седници на кои ќе имаа можност да постават пратенички прашања од интерес на граѓаните. Од друга страна пак, дури и на неколкуте седници за пратенички прашања на кои што СДСМ присуствуваше, тие го злоупотребија правото да постават прашања кои што ги засегаат граѓаните и постојано читаа партиски соопштенија и нарачани прашања од страна на Заев и Шекеринска.

dpmne

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 10:5106/02/2026 - 12:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен