ВМРО-ДПМНЕ: За само неколку месеци од Македонија се имаат иселено 214 илјади работоспособни луѓе

Од:

„Со власта на СДСМ и ДУИ на Македонија и се случува масовен егзодус. Согласно податоците на државниот завод за статистика, кои никој од власта не ги негира, се случува фрапантен пад на бројот на вработени, пад на бројот на активно население и пад на бројот на работоспособни лица во периодот од последниот квартал во 2021-ва и првиот квартал од 2022 година“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„За само неколку месеци Македонија загубила 214.514 работоспособни луѓе, односно од 1.681.863 работоспособни во Македонија во IV квартал во 2021, сега во I квартал 2022 има 1.467.349 лица

Според статистика – од активно население, последниот квартал лани имало 937.482 лица коишто се водат за активни, односно 795.276 вработени, а веќе до март годинава, 811.197 активни, од коишто 691.498 вработени. Или 103.778 помалку вработени!

За неколку месеци од крајот на 2021-ва до почетокот на 2022 година се случува масовно иселување, 214 илјади помалку работоспособни во Македонија, односно 130 илјади помалку активно население, односно 103 илјади помалку вработени.

Економијата е во колапс. Стотици илјади граѓаните поради сиромаштија ја напуштаат државата. СДСМ и ДУИ ја уништуваат Македонија.

Премногу е! Придружете се на протест за промени, 18-ти јуни, во 20 часот пред Владата!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики