А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За неполни два месеци владата на Заев дозволи две лица да починат поради негрижа

by А1он29/07/2017 - 09:1195
Share0

„Неспособноста на владата на СДС е се повеќе очигледна.

Добивај вести на вибер

Колку својата неспособност се обидуваа да ја заташкаат и замолчат сепак излезе на виделина.

За неполни два месеци владата на Заев дозволи две лица да починат поради нивната негрижа.

Заев и Таравари не се потрудија ниту да обезбедат реагенси за дијагноза на болеста, ниту обезбедија карантин но затоа дозволија уште неколку лица да се заразат.

Владата на СДС единствено се залагаше оваа вест да не стигне до македонската јавност, без притоа да се грижат за доброто на граѓаните.

Преку видео пораки, министерот Таравари призна дека во време на ВМРО-ДПМНЕ пациенти не починувале од ваква болест.

Таравари ја призна целата негрижа, неспособност и незнаење како да се справи со сериозна здравствена закана по граѓаните во Република Македонија.

Неспособноста и неодговорноста на Таравари ја видоа и почувствуваа граѓаните на својот грб.

Таравари нека престане да прави ПР стратегии и да праќа честитки од луксузните хотели во Америка и нека се фати за работа. И како министер за здравство да го спречи ширењето на оваа заразна болест во Гостивар и гостиварско.

Затоа што хаосот што го создаде министерот Таравари може да ги загрози животите на уште многу лица доколку не се преземат мерки. Двете жртви се директна последица на потценувачкиот однос на Таравари и затоа тој треба веднаш да понесе одговорност. Оставка! Тоа е негова морална, но и политичка обврска“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен