ВМРО-ДПМНЕ: За мандатот на Груевски пратениците да постапат согласно Законот и Уставот

Од:

После извршените консултации со пратеничката група и врз основа на дискусијата на затворената седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го донела следниот заклучок:

– ВМРО-ДПМНЕ опстојува на принципиелност, честитост, искреност и доследно применување на законите и Уставот на Република Македонија, без оглед на политичката, општествената или било каква друга припадност, за разлика од непринципиелноста, криминалот, неправдата и селективноста во примената на законите и Уставот од страна на власта на СДСМ и Зоран Заев.

– Водени од погоре кажанато, апелираме и ги охрабруваме пратениците во собранието на Република Македонија да постапат на начин на кој неселективно ќе ги почитуваат законите и Уставот и во случајот со пратеникот Никола Груевски. Доколку се исполнети условите согласно закон и Устав за престанок на мандатот на г-динот Никола Груевски тогаш апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието на РМ да постапат согласно законите и Уставот на Република Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ смета дека политичкиот прогон на власта, селективноста во примената на законите, и штитењето на вистинскиот криминал кој го прави власта е разликата која треба да се подцрта и осуди од секој одговорен субјект.

ВМРО-ДПМНЕ покажува на дело дека секој еден граѓанин е еднаков пред законите. Ова е пример кој треба вистински да го следи оваа неодговорна и неспособна власт на СДСМ и Зоран Заев, а веднаш после формирањето на новата Влада во Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати владеењето на правото, вистинската апликација на законите и битката против организираниот криминал и корупција без разлика на политичката припадност на сторителот на криминалот, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски