ВМРО-ДПМНЕ: За Ковачевски пазарот е на прво место, наместо зачувување на националните интереси

Од:

„За слепиот послушник на Заев, Ковачевски пазарот е на прво место наместо зачувување на национални вредности. Пазарџијата Ковачевски одбива можност за национално единство за прашањето со Бугарија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Пазарџијата Ковачевски со самото одбивање на национално единство пропушта можност едногласно да се зацементирааат позициите за заштита на националните, државни идентитетски линии.

Со одбивање на подадената рака за национално единство значи само едно, дека пазарџијата Ковачевски наместо во коалиција со народот и на страна на државните и национални интереси, е во коалиција со Бугарија и продолжува да биде слеп послушник и застапник на политиките на заевизмот.

Пазарџијата Ковачевски на маса со Бугарија ги нуди македонскиот јазик, историја и постоење на македонскиот народ во историска и политичка смисла и контекст.

И самото одбегнување на власта да ја поддржи Декларацијата во Парламентот за титанот Гоце Делчев, е пред се поради стравот на пазарџијата Ковачевски да не се налути Бугарија кој е поголем од желбата за почит кон великанот.

ВМРО-ДПМНЕ ја подава раката повторно и ја остава вратата отворена за национално единство и обединување за одбрана на националните интереси, заштита на македонскиот јазик и посебност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски