ВМРО-ДПМНЕ: За каква слобода на медиуми говори Данева

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес конференцијата на СДСМ на која Ана Павлова Данева изрази загриженост за процесите во медиумската сфера и прашуваат дали слобода на медиуми е кога најблиски соработници од кабинетот на Црвенковски ќе бидат поставувани за уредници на телевизии како во случајот со Зоран Иванов кој што е поставен за главен и одговорен уредник на Алфа телевизија?

„Дали мислат на слобода за медиуми кога блиски пријатели на Црвенковски и луѓе чии семејства се вклучени во активностите на СДСМ, по партиска одлука се вклучени во Советот за радиодифузија, како во случајот со Зоран Стефаноски, чија сопруга е висок функционер на СДСМ во Прилеп, а тој беше поставен за Претседател на Советот за Реадиодифузија?

Дали под слобода на медиуми СДСМ подразбира тоа што нивниот партиски прес центар, треба да биде креатор на вестите, како што е случај со неколку про опозициски медиуми, кои што се повеќе наликуваат на партиски памфлети и мегафони на оваа партија?
Дали под слобода на медиуми подразбираат да се вратиме во времето кога тие беа на власт, кога функционираа само два весници и една телевизија, која беше под строга државна и политичка контрола на Црвенковски“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според владеачката партија, во Македонија денес се превземаат активности за подобрување на работите во областа на медиумите.
„Пред само две недели се постигна договор помеѓу владата и здружението на новинари, со која се изврши усогласување на ставовите во насока на декриминализација на клеветата и подобрување на стандардите и работата во новинарството.

Во рамките на високиот дијалог со Европската Унија меѓу другото активно се разговара и за областа медиуми. Оваа Влада е првата која го отвори дијалогот за подобрување на стандардите во новинарството. Подготвувањето на законот на медиуми не се одвива во никаква тајност, туку во неговото подготвување учествуваат високи експерти од Европската Унија, кои пак во неколку наврати ја пофалија самата постапка и размислувањата на владата по однос на овој закон. СДСМ треба да престане да покажува лажна загриженост и да не ја залажува јавноста дека се грижи за новинарството во Македонија“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Петрушевски: Јавното обвинителство да не се осмелува да го штити Филипче

Криминалот на Филипче секој го гледал, а Јавното обвинителство упорно молчи и го штити, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив