ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче и Заев поважни се грчките плажи од животот на 14-те изгорени во Тетово

Од:

„И во криминалот и во одморот се заедно, Венко Филипче и семејството Заеви, Зоран и Вице. Видовме од фотографиите по социјалните медиуми дека за Филипче и Заев поважни се грчките плажи од животот на 14-те изгорени во Тетово. Но, затоа десеттина дена по случајот во Тетово каде изгоре модуларната болница ниту има детали за починати, ниту нивен идентитет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема ниту одговори на клучни прашања за тоа како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин, дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки, зошто немало противпожарни апарати, зошто немало доволно медицински персонал, дали основното јавно обвинителство ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?

Како тргнала работата според одредени сознанија се чини дека фиктивната оставка на Филипче ќе биде најмал проблем.

Зошто? Затоа што многу елементи укажуваат дека доколку се води независна истрага, тогаш таа ќе заврши директно кај Филипче и Заев по што треба да следува и кривична одговорност.

Бидејќи поминаа десеттина дена од случајот, а нема никакви детали повторно го прашуваме Филипче, дали е точно дека на состанокот на кој се дискутирало за модуларните болници, бил предупреден од стручно лице, дека ПУР панелите не смеат да бидат вградени во модуларните болници?

Дали Филипче и покрај тоа што бил предупреден свесно тргнал по брзи пари?

Она што е јасно е дека истрагата мора да се ослободи од било какви влијанија и Заев и Филипче мора да ги напуштат функциите“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му