ВМРО-ДПМНЕ: За еден ден предложени 458 проекти низ општините

Од:

Огромна заинтересираност и предложени 458 проекти од страна на граѓаните за само еден ден низ општините каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека промените се случуваат објави партијата.

– Граѓаните ги креираат буџетите на општините според своите потреби и приоритети и со тоа директно учествуваат во создавање на подобар локален економски развој. ВМРО-ДПМНЕ има отворен пристап во решавање на проблемите на граѓаните преку исполнување на ветените проекти.
Промените се видливи, граѓаните забележуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ги отвора своите врати за сите граѓани кои сакаат да понудат реални и издржливи проекти. Ова е прв пат граѓаните да бидат вклучени во креирање на своите општински буџети и самите да одлучат за кои и какви проекти ќе се трошат нивните пари. Секој предлог и идеја ќе биде разгледа, затоа ги охрабруваме граѓаните да ги посетат општинските згради и денес од 11 до 14 часот. Воедно, оние граѓани кои нема да можат да присуствуваат и да ги дадат своите предлози, тоа може да го направат и следниот викенд на 10 и 11 декември, или пак на веб страната budzet.mk Стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ е парите на граѓаните да се трошат за инвестирање во нови проекти, повеќе паркови и зеленило, училишта, патна инфраструктура, канализациони и водоводни мрежи, подобрување на квалитетот на живот и создавање на убави и средени општини кои ќе бидат рамо до рамо со европскоте општини се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела