ВМРО-ДПМНЕ: За 4 дена има 99 заразени и 9 починати, а Филипче под диктат на Заев ја лаже јавноста дека првата битка со вирусот е добиена

Од:

„Зоран Заев го мрази сопствениот народ штом го втурнува по секоја цена во црни избори на кои наместо гласачи би се броеле жртви и заразени со коронавирусот.

Додека Заев и СДСМ лажат дека ситуацијата со коронавирусот се смирува, реалност е дека таа е полоша од март кога беше прогласена вонредна состојба.

Само во изминатите четири дена во Македонија има 99 заразени и 9 починати од коронавирусот, што укажува дека ситуацијата е алармантна. Да биде целата ситуација позагрижувачка ваквите страшни бројки ги имаме во период кога власта драстично го намали бројот на тестирања, наместо да го зголемува и да има реална слика за состојбата со коронавирусот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително на тоа Македонија во регионот најлошо се справува со корона кризата. Македонија е рекордер по смртност на милион жители во регионот, на врвот по број на заразени на милион и земја со најмалку тестирања.

Но и покрај ваквите загрижувачки бројки, Филипче под диктат на Заев ја лаже јавноста дека првата битка со вирусот е добиена, се со цел да се оди на избори за да се спаси кариерата на Заев по цена на изгубени човечки животи.

И кога земји од регионот како Словенија и Хрватска масовно тестираат за да ја знаат реалната состојба, во Македонија по наредба на Заев се намалија тестирањата за да се кријат вистинските бројки за да може да оди на избори на кои ќе ублажи пораз и ќе се обиде политички да преживее.

Во Хрватска во изминативе два дена има само 4 нови случаи, а од 14 мај до денес има вкупно 7 случаи и воопшто немаше вонредна состојба. Во просек има помалку од два случаи дневно. Македонија за два дена има 47 случаи, а во изминативе седум дена има 165 нови случаи.

Одговорна и сериозна власт секогаш би ги ставала граѓаните на прво место, но не и СДСМ. За нив на прво место се криминалите на нивниот лидер Зоран Заев и врхушката околу него. За нив приоритети се изборниот поткуп, концесиите со марихуана, партиските вработувања, црните тендери, како и да се гостат на државна сметка со шампањ и морски плодови, додека граѓаните и државата ги втурнуваат црно сценарио.

Заев и СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи нивните штетните политики кога и да се одржат изборите, но интересот на граѓаните и на државата ни се пред се.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски