ВМРО-ДПМНЕ: Време е Зоран Заев да си замине

Од:

„Договорот од Преспа за промена на името на државата е правно – политчки мртов.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи Уставните измени и затоа се откажа од понатамошна расправа во Собранието.

Граѓаните јасно и недвосмислено кажаа дека референдумот е неуспешен, а договорот мртов.

Јаловата дебата која што се води во Собранието е непродуктивна и претставува кршење на волјата на граѓаните.

Зоран Заев и СДСМ треба да ја послушаат волјата на над 1 милион и 200 илјади граѓани кои гласаа против договорот или апстинираа и за кои не е прифатлив договорот од Преспа.

Време е Зоран Заев да си замине. Тој потроши две години од животот на граѓаните на потпишување штетни договори и на понижување на државата, додека економијата ја стави на работ и ја турна во бездна на безперспективност, со нула раст, 5.14 милијарди задолжување и зголемени трошоци за живот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски