ВМРО-ДПМНЕ: Волкот влакното го менува исто како Артан Груби што менува коалиции, но карактерот не

Од:

„Артан Груби очигледно погоден од објавите дека ненаменски и недомаќински троши народни пари за ажурирање сајтови, перење на коли и набавки на жардињери во време на тешка криза, почна да станува нервозен и невнимателен. Веројатно направи фројдовска грешка па во напад на огорченост се препозна во изјавата дека некои ликови во политиката влегоа како голтари, а станаа милионери“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Причината поради која се најде повикан да реагира веројатно е потсвесна. Но многу свесна беше улогата и партиципацијата на Артан Груби во коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2008 до 2017. Може Артан Груби има амнезија, ама народот памети дека беше еден од најревносните пратеници кои ја бранеа коалицијата во тој период. Тоа барем може лесно да се провери и на тој начин да си го освежи паметењето самиот Груби.

Убаво ќе беше Груби наместо со провокации да се позанимаваше малку со економската состојба во Македонија, бидејќи на крајот од денот од граѓаните зема солидна плата да врши функција вицепремиер. Разбираме дека се наоѓа во лична борба за пол позиција во ДУИ, и поради тоа се врти кон национализмот и реторика против македонските политички субјекти. Но тоа му е трула даска и нема да му донесе успех. Народот мери по тоа што е сработено, а не според удирањето во гради, дерењето, национализмот. Граѓаните велат волкот влакното го менува, Артан коалициите, ама карактерот не. Тој повеќе од деценија е во политиката, а нема ништо за народот направено“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела