ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест удираа по собраниските клупи

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја тргна точката за ребаланс на буџетот од дневниот ред, поради доцнењето на министерот за финансии Драган Тевдовски кој требаше да го образложи, по што Томислав Тунтев од СДСМ побара истата да се врати назад.

По кратка дискусија, по која настана галама во собраниската сала, Џафери на неговиот монитор постави лист со натпис на англиски јазик, на кој се гледаше симбол на човек кој моли за тишина.

По повторното инсистирање на Тунтев, Џафери рече дека според процедурите, пратениците треба да соберат 20 потписи и да побараат итна седница.

Откако пристигна, Тевдовски на говорница побара од Џафери да се врати точката на дневен ред, по што собранискиот спикер му укажа дека Собранието има деловник кој мора да се почитува.

Џафери е дециден дека пратениците не се должни да го чекаат министерот за финансии.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, рече дека доцнењето на Тевдовски го загрозува донесување на буџетот.

Тој од говорница побара дневниот ред да се дополни со точката за увид на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, која не беше усвоена. Против гласаа 55, а „за“ 40 пратеници.

„Со самото гласање против ова, покажувате дека вие сте максимално негативистички против опозицијата. Не дозволувате граѓаните да дознаат што е договорено меѓу Македонија и Бугарија. Овие три минути докажавте дека не сте транспарентни”, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

По говорот на Димовски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест удираа по собраниските клупи.

По ова дневниот ред на 8. седница, без предлогот на завршната сметка на Буџетот за 2016 година, беше усвоен со 98 гласови „за“, еден глас „против“ и еден воздржан.

Би можело да ве интересира

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања