ВМРО-ДПМНЕ: Во Здравство знаеле дека договорот и анексот на Филипче се криминални, одбивале да ги потпишат

Од:

Сите вработени во Министерството за здравство и стручните лица во комисиите знаеле дека Венко Филипче направил криминал во случајот со модуларната болница во Тетово. Ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот на Венко Филипче, кој тој го изготвил по пожарот во модуларната болница и смртта на 14-те лица во Тетово, со цел да се спаси од одговорност, рече на прес конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– По заминувањето на Филипче од МЗ, се прави извештај со правно мислење за анексот кој Филипче го има потпишано, и во извештајот стои дека договорот најитно треба да се раскине, а анексот на Филипче да се прогласи за ништовен – со цел да се спречат идни незаконски, правни и фискални импликации. Лицето кое ја обавувало функцијата проектен менаџер, не постапило по извештајот на проектната единица и на своја рака продолжувало да комуницира со изведувачот. По долг период на непостапување, проектниот менаџер не го раскинува договорот, и до септември 2022 година не презема ништо – со што го става изведувачот во поволна состојба за поднесување тужба за надомест на штета.Тогашниот министер Беким Сали бара внатрешен ревизорски извештај, кој е подготвен кон крајот на јануари 2023 година. Тој заминува од Министерството за здравство на почетокот на февруари 2023, а на негово место доаѓа Фатмир Меџити, кој го игнорира извештајот како да не постои. Министерството, поради тужби за камати, доставува информација до Владата со која предлага на изведувачот да му се плати спогодбено, под услов да се откаже од каматите. Владата носи одлука на 11.07.2023 година со која се одобрува исплата преку спогодба, вели Манасиевски кој речи и дека никоја во проектната единица не сакал да ја потпише спогодбата.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ