А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДСМ не беше реновирана ниту една амбуланта, а не пак да се изградат нови болници

by А1он15/01/2017 - 14:4281
Share0

„СДСМ со години наназад ветуваат исти лаги во здравството. Така беше и во 2002 година, а кога имаа можност да направат нешто за здравството и здравствениот систем, тогаш следуваа годините на најкатастрофални политики во здравството.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Во време на СДСМ министерството за здравство беше поимано како јувелирница преку која со народни пари се набавуваат скапи бисери за министерките од СДСМ.
– Во време на СДСМ не беше реновирана ниту една амбуланта, а не пак да се изградат нови болници.
– Во време на СДСМ не се поправаа ниту медицинските апарати, а не пак да се набавува современа медицинска опрема.
– Во време на СДСМ граѓаните плаќаа скапи лекови, само за да може да се богатат веледрогерии блиски до партијата.
– Во време на СДСМ докторите блиски до СДСМ ги водеа главните бизниси за набавка на стентови и инсулини, за кои граѓаните плаќаа енормни суми.

Очигледно СДСМ кога е во опозиција едно зборува, покажува лажно душегрижништво, па дури и некрофилска политика, а кога се на власт не прават ништо или водат бизниси преку здравството.

Граѓаните на последните избори на 11-ти декември по десетти пат ја поразија деструктивната и манипулативна политика на СДСМ, затоа што можеа да направат разлика помеѓу тоа што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го направиле за здравството.
Над 455 илјади граѓани гласа за проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги реализираше во здравството. Само во последниот период се реализира инвестициски циклус во здравствена инфраструктура од над 74.6 милиони евра (над 4.5 милијарди денари).

Следете a1on на Youtube YouTube

Во моментот се градат или реконструираат 10 болници во Република Македонија, а за таа цел се инвестираат 4.5 милијарди денари. Ова е најголем инвестициски циклус во историјата на здравството, кој во еден момент се спроведува во здравствена инфраструктура во повеќе градови низ државата.

Ако се земе предвид и инвестицијата за изградба на нов Клинички центар вредна вкупно 128 милиони евра, станува збор за инвестициски циклус вреден околу 202.6 милиони евра (околу 12.5 милијарди денари).

– Во тек е изградбата на новата Клиничка болница во Штип.
– Отпочнати се градежните работи за темелна внатрешна реконструкција на УК за хируршки болести „Св.Наум Охридски“.
– Во тек е и реновирање и адаптација на објектот на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо.
– Во тек е целосна реконструкција и адаптација на болничкиот објект во Кичево
– Во тек е реконструкција на општата болница во Велес.
– Во тек е изградба на бункер за акцелератор во ГОБ „8 Септември“
– Интензивно се одвиваат градежните работи за дооформување и адаптација на постојниот болнички објект на Општа болница Струмица.
– Во болницата во Битола веќе е во финална фаза комплетната надворешна реконструкција на болницата.
– Се одвиваат градежни работи за нов Ургентен центар во Куманово
– Во тек е комплетна внатрешна реконструкција на прилепската болница
– Во македонското здравство се инвестирани над 115 милиони евра за набавка на нова, најсовремена медицинска опрема со која сериозно го подигнавме квалитетот на здравствените услуги.

Само ова за квази експертите и лицемери во СДСМ беше научна фантастика да го направат, бидејќи ниту знаеја, ниту сакаа да реализираат проект за унапредување на здравствениот систем во Македонија кога имаа можност нешто да направат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија

Горан Наумовски27/07/2026 - 20:11

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување

Горан Наумовски27/07/2026 - 16:27

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 12:12

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 11:34

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он25/07/2026 - 12:22

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он25/07/2026 - 09:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео