ВМРО-ДПМНЕ: Во Виница се одземени ингеренциите на градоначалникот за именување директори во училишта

Од:

„Централната власт на СДСМ и ДУИ продолжува со притисоците и опструкциите на градоначалниците кои не се од нивните редови. Последен пример за тоа е Општина Виница, каде централната власт му ги одземаат ингеренциите на градоначалникот во делот на именување и разрешување на директори на училишта“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Патем во меѓувреме бидејќи бил истечен мандатот на претходниот директор согласно Закон, градоначалникот именувал вршител на должност директор, а министерството за образование и наука именува друго лице за директор, без да донесе решение за разрешување на ВД директорот. Така во исто време има две лица назначени за директор на едно училиште во Виница.

Ова е самоволието на СДСМ и ДУИ, поради кое штета трпи образованието. Премногу е! Затоа , протест за промени и предвремени избори се решение за излез од кризите кои власта на СДСМ и ДУИ ги создава и подгрева“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ