ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст

Од:

Измина веќе и втората недела од локалните избори и историскиот пораз на СДС. Од СДС нема никакви решенија, ниту кадровски или политички промени, како што најави Венко Филипче. Партијата продолжува се повеќе да тоне, истакнати партиски членови и поддржувачи јавно ја искажуваат нивната разочараност и повикуваат на промени, но Филипче се држи за претседателското столче како да е негова приватна сопственост, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во СДС врие и револтот веќе никој не го крие, се погласно и се поотворено членовите, активистите и поранешни функционери зборуваат дека Венко Филипче веќе нема никаков кредибилитет и дека со секој изминат ден дополнително ја тоне партијата. Наместо да ја прифати одговорноста за најлошиот резултат на СДС во историјата на партијата, Филипче повторно бега од реалноста и вината ја гледа на друго место, освен во себе.

Со барањето други кривци за поразот и со тоа што не поднесува оставка, Филипче само покажува дека е личност без морален интегритет и доблест. Наместо тоа, гледаме како Венко Филипче продолжува со истите партиски комбинации, со истите луѓе и со истите веќе видени матрици. Изборот на Александар Трајановски за негов заменик, е уште еден обид да се зачува влијанието на Заев, односно таа партиска матрица и влијание што СДС го доведе до колапс. Партиските членови, активисти и симпатизери, но и граѓаните гледаат дека вакво раководство нема ниту план, ни визија, ниту пак сила и доблест за промени. Едно е сигурно, СДС со ваков партиски врв оди во уште поголема пропаст и ако продолжи да ги штити истите луѓе кои ја урнаа партијата, ќе исчезне од политичката сцена побрзо, сакале тие да признаат или не“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана