А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во овие 27 години покажавме дека само преку сложност и обединетост можеме да направиме многу работи

by А1он08/09/2018 - 10:40211
Share0

Пред 27 години се оствари вековниот стремеж за независна и суверена Република Македонија. Овие 27 години, генерации дејци, уметници, интелектуалци, буквално секој вградуваше по некое камче во мозаикот промовирајќи ја Македонија низ светот. Стекнавме стотици пријатели кои и покрај сите блокади го почитуваа нашиот идентитет и правото на самоопределување и не признаа под уставното име. Генерации политичари се бореа за заштита на националните и државни интереси штитејќи ја културата, историјата и традицијата. Сите досега одолеваа на притисоците, не ја свиткаа кичмата и не ги прифатија грчките црвени линии. Се бореа за просперитетна Македонија која ќе ги достигне европските стандарди, штитејќи го сопственото достоинство. Сите досега се трудеа на идните генерации да им го остават тоа што го наследиле и да гo надградат македонскиот идентитет.

Следете a1on на Instagram Instagram

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на државноста 8-ми Септември.

Вековниот стремеж на Македонците за суверена татковина беше постигнат на 8-ми Септември 1991 година остварувајќи го со тоа сонот на илјадници Македонци и граѓани на Македонија, кои своите животи ги дадоа за градење на самостојна и суверена држава.

Република Македонија од својата независност, па до сега, се соочуваше со многу предизвици. Бевме оспорувани и како народ и држава. Ни беа негирани нашата химна, знаме, име, валута, армија и полиција.

Следете a1on на Youtube YouTube

Но издржавме. Успеавме да ги надминеме сите предизвици и блокади, но во исто време станавме помудри и посилни. Во овие 27 години покажавме и докажавме дека само преку сложност, обединетост, сплотеност можеме да направиме многу работи. Заедно сме фокусирани на нови победи со една единствена цел, членството во ЕУ и НАТО, како врвна стратешка цел.

За жал и после 27 години повторно се соочуваме со можеби најголемиот предизвик. Се отворија прашања кои задираат во нашиот идентитет, нашиот јазик и нашата култура. Не смееме да дозволиме реализација на антидржавните и антинационални политики, чии последици би ги чувствувале многу генерации после нас.

Економски стабилна и просперитетна држава е сон на секој граѓанин кој живее во Република Македонија. Само со реформи, подобри проекти, нови инвестиции, создавање на нови работи места, можеме да чекориме напред. Интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ е интерес на сите, но воедно е и оставина која треба да ја направиме кон нашите идни поколенија.

Нека е вековит празникот 8-ми Септември, Денот на Независноста!

Нека е вечна Република Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

8 septemvrivmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 12:03

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

Предраг Петровиќ05/11/2026 - 19:17

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Горан Наумовски01/11/2026 - 13:33

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 20:20

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 09:43

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски15/10/2026 - 09:2715/10/2026 - 09:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео