ВМРО-ДПМНЕ: Во отсуство на реална политика и аргументи, СДС продолжува со растурање на пердуви во јавноста

Од:

СДС кои 7 години беа на власт и тоа само до пред една година, се однесува како никогаш да не биле владејачка партија, а уште помалку се чувствуваат виновни за она што го направија во тие години владеење, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Најверојатно, СДС секојдневно ќе држи прес-конференции, на кои без аргументи, издржани критики и факти, ќе зборува дека полошо се живее. Точно е дека се живее тешко, но граѓаните знаат кој ги донесе до питачки стап и денот да го поминуваат со 150 денари. Заради СДС, задолжени сме како никогаш досега, па кредитите и каматите кои тие ги оставија, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги враќа сега и во следниот период.

Навистина е апсурдно СДС да говори за економија и плати, кога во нивно време инфлацијата беше над 20%, платите и пензиите стагнираа, јавниот долг растеше, сметките се покачуваа, а тие не понудија никакво решение. Им порачуваме на СДС, да го слушнат говорот на претседателот Мицкоски, на вчерашната свеченост по повод една година Влада, и ќе дознаат и научат многу од него. За тоа како се води чесно, државнички и достоинствено држава! Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“