ВМРО-ДПМНЕ: Во моментов во Република Македонија единствен политичар кој е аболициран е Зоран Заев

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната изјави на Костадин Костадинов од СДСМ.

„Во моментов во Република Македонија единствен политичар кој е аболициран е Зоран Заев.

Владата на Заев и СДСМ се исплашени од Христијан Мицкоски бидејќи со секој минат ден сфаќаат дека народот ја препознава принципиелната политика на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на државните и национални интереси.

СДСМ наместо да праќа бледи и неиздржани соопштенија, време е да почне да ја почитува волјата на граѓаните.

СДСМ не ја води државата кон ЕУ, СДСМ ја втурнува државата во криминал и корупција од невидени размери.

СДСМ не може да ја прикрие нивната криминогеност. За криминалот, корупцијата и распродажбата на државните интереси нема оправдување. СДСМ мора да си замине од власт“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?