ВМРО-ДПМНЕ: Во Малта, Европската Народна Партија истовремено има и конгрес и самит

Од:

„Проопозициските медиуми прават очаен дефокус, кој се надополнува со нервозата на СДСМ обидувајќи се да ги избегнат темите суштински важни за граѓаните, а врзани со Тиранската Платформа која СДСМ ја прифати.

Во Малта, Европската Народна Партија истовремено има и конгрес и самит.

На самитот се поканети шефови на држави и влади на партиите кои се дел од семејството на ЕПП и во тој сегмент свое учество ќе земе и премиерот Емил Димитриев.

Во делот на Конгресот учестуваат партиски делегации и партиски функционери на партиите кои се дел од ЕПП, каде учество ќе земе и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски придружуван од партиска делегација.

Очигледно на СДСМ и смета меѓународниот активизам, каде меѓу другото на високо европско ниво се преставуваат државните и национални интереси на Република Македонија.

Во рамки на Конгресот предвидено е Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и партиската делегација да оствари повеќе средби со политичари од Европската Унија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела