ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија владее рекетарска и криминална влада

Од:

„Во Република Македонија владее рекетарска, корумпирана и криминална влада. Со СДСМ и Заев секој бизнисмен или обичен граѓанин е жртва или може да стане жртва.

Јавноста мора да знае кои се Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите и дали овие лица се високи претставници во СДСМ како што се зборува во јавноста и само поради тоа се амнестираат од одговорност“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто јавното обвинителство ја штити од одговорност Катица Јанева? Дали во нејзиниот мобилен телефон се пронајдени дополнителни докази кои утврдуваат нејзина директна вмешаност и зошто за неа се уште нема мерка притвор поради можност за влијание на сведоци од позиција на специјален јавен обвинител?

Зоран Заев знаеше за ова криминално дејание од страна на Јанева и само поради тоа жестоко се спротивставуваше за нејзиното разрешување.

Јавното обвинителство мора да направи детална и сериозна истрага кој се е вмешан во ова криминално и корумпирано СЈО, бидејќи само апсењето на Боки 13 и Зоран Милески Кичеец е чин на замолкнување на вистината и барање на одговорност на вистинскиот виновен во оваа рекетарска приказна.

СЈО, СДСМ и Заев ја девалвираа правната држава и институциите.

Овој скандал не може да помине така. Правото и правдата мора да важат подеднакво за сите. Секој кој што се огрешил пред законот мора да одговара.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш проширување на истрагата и притворање на Катица Јанева поради можност за бегство, влијание врз сведоци од позиција на Специјален јавен обвинител и уништување на докази.

Правото и правдата мора да владеат во Република Македонија, а тоа е можно само доколку криминалниот картел наречен СДСМ и Заев си заминат од власт и веднаш распишат предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски