ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија нема листа на чекање за радиотерапија

Од:

Македонија е помеѓу најдобро рангираните држави во третманот на малигни заболувања. Кај најдобрите времето за добивање терапија е пократко од 21 ден, а во Македонија воопшто нема листа на чекање за добивање радиотерапија за пациентите со малигни заболувања, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

– Од вчера е овозможена нова терапија на шест типа малигни заболувања која ќе може бесплатно да се добива на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Се работи за лекови против малигни заболувања на дојка, на бубрег и на кожа. Овие терапии во минатото чинеа од 3.000 до 8.000 евра. Сега пациенти ќе ги добиваат бесплатно на самите клиники. Дополнително, со мерката за намалување на цените на лековите досега опфативме над 4.800 медикаменти, рече Невенка Стаменковска на денешната партиска прес-конфернција.

Таа посочи дека со програмата Реално се предвидува уште еден значаен проект за пациентите со малигни заболувања, а тоа е проширување и унапредување на условите за третман на пациентите во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

– Се предвидува изградба на уште еден кат на објектот, со нови содржини за лекување и третман на лицата со малигни заболувања и зголемување на капацитетите за хоспитализирање за дополнителни 70 места. Инвестицијата е во вредност од 20 милиони денари, посочи Стаменковска.

ВМРО-ДПМНЕ, нагласи, внесе сигурност и стабилност во здравствениот систем и во континуитет работи посветено за подобрување на здравствената заштита. Македонското здравство, додаде, според европскиот здравствен потрошувачки индекс за 2016-та година е рангирано повисоко од голем број на развиени европски земји и земји од регионот, меѓу кои: Италија, Ирска, Унгарија, Полска, Литванија, Грција, Албанија, Бугарија, Србија.

– Македонија е највисоко рангирана во делот на достапноста на здравствените услуги, а како и претходните години, повторно се наведени исклучително високите оценки за функционирањето на националниот електронски систем МојТермин. Земјава има постигнато значителен напредок со електронскиот систем за закажување уште во 2013 година, со кој суштински се елиминираше времето на чекање за добивање здравствените услуги, потенцира Стаменковска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ