ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија царува криминалот, корупцијата и политичките притисоци

Од:

„Македонија е заробена држава во која царува криминалот, корупцијата и политичките притисоци. Во Македонија не се суди според законите или Уставот во Македонија, судските одлуки се донесуваат така како што ќе каже владата и хунтата на власт.

60 дена неосновано и во исклучително лош третман се чува борецот за човекови права и единствениот македонски градоначалник Едмонд Темелко. Тој доби уште 30 дневен притвор, а СЈО го одби барањето на адвокатите во петокот да биде ослободен. Одлуката за куќен притвор е донесена по најавите на протести. Тоа е изнудена одлука. Одлуката за домашен притвор на Едмонд Темелко не е доволна. Потребно е да се ослободи и од домашен притвор бидејќи тој не е виновен за ништо.

Случајот „Монструм“, како и сите други случаи на СЈО покажуваат дека имаме заробено судство кое работи под команда и заробена држава во која нема правда или таа е селективна. Имаме ситуација во која убиците на децата од Смилковско езеро многу веројатно ќе се ослободат но затоа Едмонд Темелко е во куќен притвор, патриотите од 27-ми април се во затвор, а криминалците на слобода.

Тој двоен аршин создава заробена држава, држава во која СДС преку СЈО и уценетето судство монтира случаи и осудува луѓе. Стоп за неправдите. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе организира народен собир на 3-ти декември против сите неправди на хунтата на власт.

Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ најавува граѓански протест за правда и правдини кој што ќе се одржи на 3-ти декември во недела во 18 часот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност