ВМРО-ДПМНЕ: Во културата се вработуваат граѓани без разлика дали се членови на ВМРО или СДСМ

Од:

Со новите вработувања во институциите од областа на културата се вработени граѓани на Република Македонија без разлика дали се членови на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, било која друга партија или не се членови на партија, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на Роберт Алаѓозовски од СДСМ.

Партијата наведува дека при сите овие вработувања се водело сметка за нивното образование и компетентност и не се правело било каква политичка или етничка дискриминација.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Алаѓозовски е најдобар пример дека во Министерството за култура не постои дискриминација бидејќи од 2007 до 2014 година има добиено 2.370.000 денари преку издавачката куќа Готен, а само во Годишната програма за 2014 година има четири проекти во вредност од 121.000 денари.

– СДСМ треба да се срами што во континуитет говори со толку политичка омраза и деструктивност за позитивните промени кои се случуваат во културата денес. Овие промени се очигледни и лесно споредливи со владеењето на СДСМ. Денес се случува спротивното од нивното време кога во културата не се инвестираше, не се градеа нови нови објекти, не се отвораа нови културни установи, не се вработуваа нови млади дипломирани актери, режисери, драматурзи и други профили. Денес токму актери, режисери и издавачи кои се функционери или членови на СДСМ добиваат проекти од Министерството за култура, се вели во реакцијата.

Партијата посочува дека им е покачена платата на вработените во областа на културата, обезбедени им се подобрени услови за работа во нови или реновирани објекти и отворени се нови културни установи.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела