ВМРО-ДПМНЕ: Власта за шест месеци склучила договори во четири очи од 11 милиони евра

Од:

„Љупчо Николовски Путерот, како путер низ раце му се промакнале низ државните институции 464 договори во 4 очи за набавки за кои се потрошени 11 милиони евра.

Додека Љупчо Путерот лови расипан путер, министрите и директорите штанцале договори во 4 очи. Од тие 11 милиони евра дадени во четири очи, само 2.4 милиони евра биле за набавки поврзани со КОВИД 19, другите над 9.5 милиони евра за останати работи не поврзани со пандемијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку ја погледнеме листата на институции кои склучувале договори во 4 очи ќе видиме дека први се Клиниката за трауматологија, Министерството за здравство, Здравствениот дом Скопје.

Здравството трошело најмногу пари, за договори во 4 очи, но сам мал дел од парите се потрошени за борбата против пандемијата. На што биле трошени пари во здравството, а во исто време не ги исполнуваме критериумите за помош од ЕУ?! Дали наместо во борба против пандемијата, се распишувале тендери за се и сешто, само не за средства кои се потребни во борбата против Ковид-19?!

Срамно е додека Филипче и другите од владата склучуваат договори во четири очи немаме вакцини, народот нема за маски и дезинфициенси, а за тестирање се чека и по неколку дена, за кога болен ќе отиде во болница, човек да се соочи со преполни болници и недостаток на средства“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик