• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта предводена од Заев го загорчи животот на граѓаните на Македонија

by А1он25/10/2019 - 09:33162
Share0

„Криминалната банда на власт предводена од аболицираниот Заев го загорчи животот на граѓаните на Република Македонија, наместо живот, донесе чемер и јад, сиромаштија, лажни ветување и неисполнети очекувања. Нема крај на поразите кои Зоран Заев и ги носи на Република Македонија и македонскиот народ. Нема крај ни на понижувањата, рекетот, криминалот, корупцијата, и политичкиот прогон.

Добивај вести на вибер

Во Македонија наместо правото владее криминалната врхушка и кланот Заев кому најважни му се полињата марихуана и криминалните тендери и грантови. За оваа криминална власт потребите и интересите на граѓаните се неважни, важно е на грбот на граѓаните да ги полнат сопствените џебови“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како и секоја една авторитарна власт, најголем непријател на Зоран Заев му е вистината и токму поради оваа причина приведуваат и гонат новинари кои на мегдан ги вадат криминалите на СДСМ. Криминалот и корупцијата цветаат, а Русковска обвинителството и Кацарска судството ги таргетираат само најгласните, односно оние кои го кренаа гласот против криминалот и корупцијата на власта.

Секоја година за ова власта е економска, а граѓаните од ден во ден се се посиромашни, повеќе од 500 илјади наши сограѓани живеат во сиромаштија поминуваајќи го денот со еден оброк. Заев секојдневно ги задолжува граѓаните, а парите ги нема никаде, нема нови проекти, а се стопираат оние кои ги започна ВМРО-ДПМНЕ. Капиталните инвестиции за првите 6 месеци од годинава изнесуваа катастрофални 20 проценти.

Со ребалансот се скрати од образованието, здравството, проектите во корист на граѓаните, а средствата наменети за непродуктивни трошоци и луксузирање останаа.

На 12 април завршува криминалната политичка кариера на Заев. На 12 април македонските граѓани ќе стават крај на поразите и понижувањата и ќе одберат „обнова за Македонија“. Ниту во СДСМ не веруваат дека нивната партија води на анкетите, тоа го покажа и исплашениот израз на ликот на Заев се плаши од избори, Заев е човек во паника од губењето на власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 11:56

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 12:38

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен