ВМРО-ДПМНЕ: Власта предводена од СДС и ДУИ е најкорумпирана

Од:

Најновата анкета на Евротинк за 2022 година и резултатите за корупцијата во Македонија и довербата во судството го потврди она што неколку години го говориме, власта предводена од СДС и ДУИ е најкорумпирана, а судството под директна команда на власта, велат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во нивното најново партиско соопштение.

„Над 71 отсто од испитаниците истакнале дека власта лошо се справува со корупцијата, и дека истата е коренот на проблемот во државата. Високи 51 отсто дале најслаба оцена 1 за справувањето со корупцијата во државата, додека 20 отсто ја оцениле власта со оцена 2. Само 3 отсто од испитаниците на владата и дали оцена 5. Скандалите на Генералните секретари на владата Рашковски и Зекири, случајот со Ден Дончев, случајот со проневерувањето со европските пари на Лидија Димова, како и случајот со Луи Витон торбата, се само мал дел од илјадниците случаи со корупција и криминал на оваа неспособна власт на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ако на ова се додеде и довербата на граѓаните во судството и обвинителството во државата, велат од партијата, тогаш јасно е дека државата ја водат криминалци.

„Историски најниско ниво на доверба во судството од осамостојувањето на државата со само 6 отсто јасно говори за спрегите на власта во правосудните органи. Огромни 82 отсто од граѓаните немаат доверба во судските органи во државата. Овие резултати се потврда и на претходните меѓународни анкети и извештаи каде што Македонија ја сместува на дното во справување со корупцијата и довербата кон судството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски