ВМРО-ДПМНЕ: Власта прави грабеж на народот со нови даноци, такси и давачки

Од:

Оваа мафија на власт нема врска со никаква зелена агенда, нив ги интересира само како под прикритие на зелени давачки, такси и даноци, да исцицаат повеќе пари од народот, за потоа да ги трошат за мебел, службени возила, хонорари или матни тендери кои одат кај фирмите блиски до власта на Заев велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Новата такса на горивата во висина од 4 денари по литар гориво, која тие сакаат да ја претстават како зелена, а всушност е кризен данок и дополнителниот зелен данок се грабеж на стопанството и граѓаните. Изминатите 4 години потрошија 4 буџети од околу 15 милијарди евра, ја задолжија државата за нови 2,4 милијарди евра и долгот го искачија на неверојатни 7 милијарди евра и пак ништо не направија. Тие се неспособни и неодговорни во трошењето на народни пари и затоа и овие нови даноци кои им ги наметнуваат на граѓаните не смеат да поминат“ – се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?