ВМРО-ДПМНЕ: Власта нема намера да го реши проблемот со загадувањето

Од:

„Власта која ја зацрни државата не знае да менаџира со буџетот, парите од истиот ги троши на непотребни луксузи.

Скоро 7 милијарди евра од буџетот на државата за две години се потрошени, на се и сешто, само за намалување на загаденоста на воздухот не. Власта се луксузира со купување на автомобили, дава 1.6 милиони евра за набавка на лубриканти, над 700 илјади евра за цвеќиња и кафе, илјадници евра на морски плодови и апетисани, а ниту денар за почист воздух.

СДСМ на загаденоста на воздухот калкулира и собира дневно политички поени, тера политикaнство и си игра со животите на нашите граѓани.

Оваа власт докажа дека нема намера ниту пак капацитет да го реши овој проблем, затоа народот ќе ги казни“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни