ВМРО-ДПМНЕ: Власта не може, а да не знаела за бегството на Груевски

Од:

„СДСМ има целосна контрола врз судството, обвинителството и полицијата, власта не може, а да не знаела за бегството на Никола Груевски. Никој повеќе не верува во зборот на Зоран Заев, ниту неговите најгласни пулени и поддржувачи не веруваат дека тој лично не знаел за бегството на Никола Груевски. СДСМ е речиси две години власт во Македонија, а се уште се однесува како опозиција.

Одговорност мора да има, а како и секогаш одговорноста е во власта која овој пат за жал ја предводи токму аболицираниот Зоран Заев. На одродената и криминална власт во овие мрачни моменти од македонската историја секој дефокус на јавноста од целосниот крах на државата и е добредојден. Па така додека ја замајуваат јавноста со бегството на Никола Груевски, во Собранието го менуваат Уставот на државата спротивно на волјата на граѓаните, ги зголемуваат даноците, додека сиромаштијата е во пораст, безмилосно ги задолжуваат граѓаните, а парите ги користат за исплата на партиски и државни функционери преку криминални тендери и грантови.

Цела Македонија, како и аболицираниот Зоран Заев и министерот за прогон и терор Оливер Спасовски добро знаеја дека Никола Груевски не се крие во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Причината за „опсадата“ на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ е јасна, целта беше создавање на евтин театар и заплашување на членовите и активистите на партијата со полициски притисок.

Одговорноста за бегството на Никола Груевски лежи единствено во власта со која предводи аболицираниот криминалец Зоран Заев и министерот задолжен за прогон и терор, Оливер Спасовски“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Костадин Костадинов од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски