ВМРО-ДПМНЕ: Власта не го решава проблемот со загадувањето затоа што профитот и бизнисите и се пред здравјето на граѓаните

Од:

Власта на СДСМ не го решава проблемот со загадувањето затоа што профитот и бизнисите и се пред здравјето на граѓаните. Во депонијата „Дрисла“ се складира отпад којшто се согорува и го загадува воздухот во Скопје со канцерогени честички, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Скопје е загадено и од согорувањето на коксот со 18% сулфур диоксид и обоениот текстил во 8-те фабрики на олигарсите на Зоран Заев и Петре Шилегов.

Не се исполнија предизборните ветувања на Петре Шилегов и Зоран Заев кога најавуваа решавање на проблемот. Петре Шилегов е три години градоначалник на Скопје, но за проблемот со загадувањето молчи, за разлика од локалните избори. Шилегов тогаш ја посочуваше депонијата „Дрисла“ како најголем загадувач на воздухот и ветуваше нејзино затворање.

За разлика од тогаш, сегашната ситуација покажува дека власта на СДСМ свесно ги загрозува животите на граѓаните. Нивната доверба во Шилегов е урнисана. Повеќе не може да им се верува на лажните ветувања на Зоран Заев и Петре Шилегов.

Се што ветија, не исполнија. Секое ветување беше лажно и празно. Време е за одговорност и за обнова на Македонија.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му