ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев е тендерашки картел

Од:

„Македонија не може да се справи со епидемијата од корона вирусот поради неспособноста и неодговорноста на власта на Заев. Пак има трицифрен број нови заболени во едно деноноќие, односно 118 и 3 починати. Македонија надмина 13 илјади заболени што е 6 пати повеќе од тоа што го прогнозираше Венко Филипче.

Власта на Заев ja интересираат само криминалните тендери, личното богатство и пари. Во услови кога пропаѓа една банка, министерката Нина Ангеловска ја интересирало како да ги повлече своите депозити“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев ја издаде Ангеловска дека владата одамна пред пропаѓањето на Еуростандард банка знаела за состојбите, па така наместо да се интересира за друго министерката за финансии се занимавала со извлекување на 200 илјади евра додека сите останати ќе мора да чекаат стечајна постапка за да си ги добијат своите пари.

Токму поради ваквото однесување на Ангеловска, јасно и станува на целата јавност како Македонија се задолжи за цела милијарда евра нов долг, а патем да нема никаква помош за стопанството, нема капитални инвестиции, нема заштита на стандардот на граѓаните. Нивната неспособност и неодговорност и терањето лични бизниси сега сите граѓани ќе го плаќаат со повисока цена на струјата за 7,5%

Власта на Заев е класичен тендерашки картел со кој државата тоне, а тие се богатат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ