ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ не дава заслужени плати на просветари, а троши милиони на криминал, цвеќиња и кафиња

Од:

„СДСМ се лицемерни. Едно говореа пред неколку години, друго прават сега. Тогаш велеа дека е загарантирано со Устав правото на штрајк на вработените во образованието, а сега со закани, уцени и притисоци се обидуваат да го угушат штрајкот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Во исто време трошат милиони евра на луксузирања, кафиња, цвеќиња, службени возила и криминални физибилити студии, а на наставниците им нудат само 10% покачување на платите и говорат дека нема пари.

Штрајкот на просветарите е логичен, до толку повеќе што ги бараат правата согласно колективен договор.

Патем понудата на власта е потценувачка ако се име предвид дека во овој краток период лебот поскапи за 110%, маслото за јадење за над 100%, горивата за 80%, струјата за 30% и сите останати животни трошоци од 30 до 50%.

Власта на СДСМ и ДУИ штедат на народот, за да имаат повеќе пари за криминални тендери и договори во 4 очи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела