ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Ковачевски намерно го осиромаши народот за да се обиде да го поткупи со 1.000 денари месечно

Од:

Димитар Ковачевски и неговата влада ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните. Скроиле буџет и мерки со цел да прават предизборен поткуп, но вистината е дека на народот сакаат да му фрлат малку трошки, додека тие како власт го собираат кајмакот. Згора на сето ова владините функционери ги наполнија своите сметки и сметките на фирмите блиски до нив со стотиците тендери, криминални набавки и коруптивни зделки. Натрупаа стотици милиони евра нов долг , од кој народот не виде речиси ништо, а тие сето тоа го „изедоа и испија“, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Додека Ковачевски пробува да ги поткупи граѓани со 1000 денари, тој за себе и за своите функционери си обезбедува 78% повисоки плати, кои дополнително треба да пораснат после Нова година. Со други зборови Ковачевски направил за себе да зема 50 евра повисока ДНЕВНИЦА од таа која што ја земал до сега, а народот го убедува дека 1000 денари или 15 евра МЕСЕЧНО му се доволна помош. Ковачевски очигледно водел политика целиот овој период за осиромашување на народот, со цел да се обиде потоа со 15 евра месечно да го купи.

Тоа е бесрамно. Речиси 600 илјади граѓани живеат на работ на сиромаштија, од кои 80 илјади се во екстремна сиромаштија. Овие погубни статистики се резултат на катастрофалните економски политики на Ковачевски и на владата на ДУИ и СДС. Постапките на оваа влада во обидот со трошки да направат бесрамен поткуп, го отвора прашањето дали свесно и намерно го донесоа народот на питачки стап.Но народот нема да падне на оваа евтина предизборна финта, која после скапи го чини. Народот ќе го казни и потценувањето и криминалот и корупцијата на оваа власт – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда од милион евра, купи џип и направи портфолио од фирми

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: За милионите евра, кои СДС ги даде на Рејтинг и Спасов, тие смислуваат само глупави лаги и манипулации со што ја носат партијата кон пропаст

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме криминалците преку лажни обвинувања да го сведат ВМРО-ДПМНЕ на нивно ниво

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Никола Спасов откако се насобра тендери од СДС, преку агенцијата Рејтинг, сега го отплаќа долгот преку водење на ПР, со ниски лаги и измислици

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Спасов, со катастрофалниот ПР на СДС, испитува како дното да се пробие, што повеќе на партијата

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо празни прес конференции, Лукаревска нека одговори за аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови