ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја краде државата, а органите на прогонот и судската власт му слугуваат на Заев

Од:

„Откако Зоран Заев дојде на власт секоја пора во општеството е силно криминализирана.

Во Македонија денес имаме срушен правен и економски систем, благодарение на Зоран Заев. Власта ја краде државата, а органите на прогонот и судската власт му слугуваат на аболицираниот Заев.

Секоја нова афера и скандал е поголем од претходниот. Нема разрешница за ниту еден скандал досега. Нема разрешница ниту за скандалот кој самите го објавија за наводното прислушување на обвинители, нема истрага ниту за криминалните иновации, нема истрага ниту за градоначалникот кој тепаше вработен во својата канцеларија. Нема разрешница за пратеникот кој набавуваше недозволена супстанца, кој наместо во обвинителство, шета како аналитичар по телевизиите.

Нема истрага за набавката на системот за контрола на летање, ниту пак за тендерот за хеликоптерите за кои на никој се уште не му е јасно каде е економската логика за работа на овој проект, освен се разбира парите за кои има сомнеж дека треба да завршат во приватни џебови. Нејасен е мотивот за пуштањето од притвор на Катица, за одговорноста за бегството на убиецот на Нешкоски и редица други“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ бара:

1.Да се направат законски измени со кој ќе се забрани секое лице кое ќе добие амнестија, да се занимава со политика или да врши јавна дејност во државата.

2.Да се отвори дебата, да се консултира правната фела и да се донесат решенија во насока на забрана на аболиција на лица кои се занимавале со политика, бидејќи уште во 2008-та година и случајот „Глобал“ се покажа дека правдата кај нас се изигрува преку несовесно давање на амнестија.

Граѓаните на Република Македонија не веруваат во амнестии, туку веруваат во правда и принципи.

Потребно е да се создаде систем кој независно ќе суди, ќе докажува криминал и ќе има одговорност за сите кои докажано се огрешиле кон законите и Уставот.
Принципот на правда и правичност еднакви за сите ќе се воспостави по 12 април кога ќе бидат поразени криминлните, антидржавни политики на Зоран Заев и ќе почне обновата на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски